Сподели: Twitter Twitter LinkedIn

Бранислав Мирчевски
преводи на книжевни дела

на македонски јазик

Kога, за првпат, луѓето почувствувале потреба
да се преведуваат за да се разберат?

Според старозаветната литература и подоцна јудејско-христијанската традиција на прикажување: од моментот кога преживеаните од Големиот потоп, еден и единствениот народ, ја почнале изградбата на Вавилонската кула за да се доближат до „архитектот“ на светот. Дали тоа му се допаднало? Митот вели – Не! Затоа тој, архитектот, Создателот, им ги смешал јазиците и градителите престанале да се разбираат, а кулата останала недоправена. Оттогаш, па низ сета историја на светската цивилизација преводот станал насушно средство, неодминлива потреба и алатка во рацете на луѓето во размената на цивилизациските вредности.
...
За мене, лично, приопштувањето на туѓа литературна вредност на мајчиниот јазик претставува врвен предизвик во лингвистичка, семантичка, животна смисла. Тој јазичен импорт на вредности од туѓа култура, со други, поинакви вредносни параметри го стеснува, го намалува, дури и го анулира јазот меѓу двата јазика, меѓу двете култури, меѓу двете цивилизации.

Како се најдов јас среде тој вител од тормоз, мачно задоволство, непредвидливо искушение, колебливост пред отказ, трепет пред вистинскиот збор пронајден во густото мноштво лексички можности и најкрајното, речиси, оргазмично задоволство од завршената работа. Во тој ȯд од сага до финалното брусење остануваат часови и часови работа, туркање на каменот на Сизиф, денови со немир и неспокојство, ноќи со недоумици и премислувања, месеци поминати во макотрпност.

Моето место во тој процес се должи на моето потекло по едниот родител. А , сепак, не е мајка ми заслужна за тоа. Напротив, бугарскиот јазик не го научив од неа („Вие живеете во Македонија, треба да го зборувате македонскиот јазик“- велеше кога практично нè акомодираше во средината која за неа беше туѓа.) Толку од неа. Мојот интерес за животот од другата страна на Деве баир, за фамилијата од другата страна се дополнуваше со згоди и преживелици на моите летни распусти поминати во скромната куќарка на баба ми Пенка и дедо ми Борис во софискиот квартал „Лагера“. Меѓу многубројната родбина на мајка ми, од карловскиот род, најблизок до мене беше мојот братучед, Николај Стојанов, врсник мој, бевме истоглави и еднакво љубопитни. Николај веќе имаше литературни заложби кои подоцна прераснаа во литературно сподвижништво, но и творештво. Денес, тој е етаблирано име во бугарскиот литературен паноптикум со повеќе издадени наслови, а ја оглавува и фондацијата „Балканика“. Многу подоцна, низ врвежот на времето, на едно од неговите чести доаѓања во Скопје донесе со себе и книга, патеводител (водич) „Високите планини на Република Македонија“, потпишана од двајца автори – Бугари: Петар Атанасов и Евгениј Динчев. „Преведи ја“ – рече отсечно не оставајќи можност да се спротивставам. Сепак, не му помина така лесно. Од мене проговори стравот пред предизвикот. Пионерството на потфатот ми изгледаше задоцнето во мојот случај. Прифатив, но бев во право – почна одот по маките. Немањето искуство и рутина се одрази на продолжителноста на процесот. Тоа е првиот наслов, мојот прв потфат, мојот прв „успех“, моето прво задоволство. Потоа како по „индијанска врвица“ следуваа едноподруго:

Книга без корици“ на Николај Стојанов,
Изгубениот рај“ на Рудолф Слобода,
Родосто, Родосто“ на Севда Севан,
Време разделно“ на Антон Дончев,
Балада за Георг Хених“ на Виктор Пасков,
Аутопсија на една љубов“ на Виктор Пасков,
Господин директорот на пристаништето“ на Владо Даверов,
Ванѓа – еден поинаков поглед“ на Николај Стојанов,
Пропаст“ на Владимир Зарев.
Манастирите во Македонија“ на Георги Трајчев,
Рани спомени“ на Симеон Радев
VI конгрес на ВМРО“ на Кирил Прличев
Ќустендилскиот конгрес“ на Кирил Прличев
Србија и Македонците“ на Едвард Бојл
Македонското прашање“ на К. Алмендингер

Така, двајцата влеговме во „матното“. Јас како непосреден преведувач, тој (Николај Стојанов) како мој драгоцен консултант за оние ситуации за кои немаш решение ако не живееш во средината од чиј јазик преведуваш.

Blog 3
Blog 2
Blog 3
Blog 3
Blog 3
Blog 1
Blog 2
Blog 3
Blog 3
Blog 3
Blog 2
Петтата димензија
Blog 3
Далај Лама



Адреса:
111111111

Тел./Факс:
1111111

емаил:
111111

РАСКАЖАНА БИОГРАФИЈА


Не знам зошто отсекогаш било важно кој кога бил роден во време искажано со конкретни бројки (ден, месец, година), а не на пример денот на првото застанување на свои нозе, денот на првото будење на духот, мигот на првото одухотворување на физичкото тело. Целта да се искажува траењето на животот низ бројки веројатно тргнува од жалосната причина дека некогашните библиски години возраст се недофатлив идеал за современиот човек.

Ако е така, тогаш, кажувам дека сум на една десетина од возраста на Ное, Јарет, Исак, Енох, а некој посакал тоа да се случи во некогашна Тракија, во местото Сердика во 1947 година, место кои денес ги викаат Бугарија и Софија.

Целиот процес на обука и подука се остварува во некогашната византиска тема, денес горда Македонија. Гимназија „Цветан Димов“ (за скопјани „Машка“), а потоа и - замислете – Природно-математички факултет, шокот најодзади – група „хемиско инженерство“.

Но духот не секогаш се согласува со обидите на разумот да умува, па си тргнува по свое. Најпрвин како новинар чирак во култната „Нова Македонија“, како новинар репортер, задолжен за кратките интервјуа со гостите на градот (уметници, естрада) учејќи го занаетот на новинарското пишување кај Верољуб Андоновски. Од особена вредност „за периодот како се калеше новинарот“ е моето пристапување во редакцијата на „Студентски збор“, гласило кое во деценијата од шеесетите и седумдесетите години беше неодминлива можност за професионално зреење.

Во 1978 година станувам прв уредник на новоформираниот „Универзитетски весник“ при ректоратот на УКИМ. Тоа е вистинска трамбулина за мојот отскок кон списанието за култура и општествени прашања „Културен живот“ и неговите подизданија како “Macedonian Review” и бројни други книжиња со афирмативни содржини за нашата култура и историја. Пребарувајќи по архивните броеви на списанието, пољубопитните лесно ќе забележат дека во импресумот под назнаката уредник стои моето име -Бранислав Мирчевски. Слободен сум да оценам дека неколкугодишната работа во списанието беше мојот најплоден работен период во новинарска смисла на зборот. Освен натамошното усовршување во креативното пишување, ми беше дадена и можност да се здобијам и со други вештини и знаења околу уредувањето на списанието, почнувајќи од контактот со авторите, договарањето со нив, редактирањето на нивните текстови и слично. Ситуиран прилично удобно во комотноста на уредникувањето не помислував дека мојата започната и во тек новинарска кариера ќе биде насилно прекината. Причината тривијална но во контекстот на нашиот менталитет пресудна – конфликт со претпоставениот што прерасна во отворена војна со вклучување на сите одговорни чинители на општеството со сериозен медиумски шум. Се разбира, дури откако ќе ве предупредам дека и за мене важи римското правило Nomina sunt odiosa ќе ви ја поставам равенката со една непозната – кој настрада, кој требаше да си замине? Беше тоа 1983 година. Тоа беше крајот на мојата новинарска кариера. Но духот ја пригрна новата слобода за брзо да се стави на располагање на најубавата невладина организација – Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Постот секретар на Друштвото беше една од оние задачи кои се дефинираат како неформална, не многу задолжителна, готово етерична работа. Поточно должност и работа која можеш да ја правиш поради самата неа и нејзината единственост. Влегувањето во тој нов свет значеше поглед одблизу кон доминантната македонска ликовна елита. А во тој разнобојен и полнозвучен свет од творечки персонажи се живееше на еден краток здив. Здивот и издивката се со честота на затрчан натпреварувач, времето е поделено на поинакви единици, просторот и пространството на непознати сегменти... Таложеното искуство и волното или неволното приопштување и поистоветување со стилот и естетиката на новото друштво прави дебел слој талог, кој.... чека да биде разбуричкан, да се раскажат најпиторескните случки од нивното секојдневие кои беа се друго, само не здодевни. Еден ден можеби. Близок!


Сега, кога телото и духот повеќе не си партнираат, а духот се помалку го бендисува телото, преостанува новото задоволство. Овоплотување на новата енергија во уморното тело создавајќи нова животна ситуација. И гледај, ми се допаѓа. Безгранично многу ми се допаѓа. Толку многу ми се допаѓа што си велам....требаше ли тој нов трпнеж и „мора“ да ми се случи волку доцна, погледот кон туѓата култура да го восприемам како нова слобода, како нова можност, како овоплотување на некоја нова енергија која треба да ја пренесам во мојот хабитат и преку мене да ја покажам наоколу. Тоа е како да толкувам нечии соништа. Тоа е како некоја неочекувана реинкарнација. Зашто постојано сонувам и продолжувам.

Настан Наслов 12.05.2020

текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани текст со слики за настани
powered by TenevArt.at